Македонија
21. March 2026 - 16:32

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци

Во атарот на Зрновци утрово е пронајдено безживотно тело на жена, а според првичните информации од терен, станува збор за тешко кривично дело кое ја вознемири локалната јавност.

Телото било забележано од случаен минувач, по што веднаш била известена полицијата. Екипи на Министерството за внатрешни работи извршиле увид на местото, а просторот бил обезбеден со цел да се соберат сите потребни докази.

-Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР - Штип

Од обвинителството информираат дека се работи на утврдување на идентитетот на жртвата, како и на околностите под кои се случил настанот.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

Неофицијално, истрагата се движи во повеќе насоки, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот. Надлежните апелираат до граѓаните доколку имаат какви било информации што би помогнале во расветлување на случајот, да се обратат во најблиската полициска станица.

Повеќе детали се очекуваат по завршување на обдукцијата и официјалните извештаи од истражните органи.