Македонија
19. September 2026 - 15:42

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари

Вчера (18.09.2026), полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, при Секторот за внатрешни работи Скопје, постапиле по претходна пријава за фрлање отпад на јавно место на улица „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје.

При преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека се работи за Е.А. (22) од Скопје.

На лицето му е издаден прекршочен платен налог согласно Законот за јавна чистота, соопшти МВР.