Пронашла нокт и дрога во автомобилот, па мислела дека сопругот ја изневерува, но вистината е шокантна

Кога во автомобилот на својот сопруг нашла вештачки нокт и дрога, сопругата на Муханад Кадур мислела дека сопругот ја изневерува, но вистината криела сосема друга приказна.
Муханад Кадур никако не можел да ја убеди својата жена и да докаже дека нема поим од каде во нивниот автомобил мириса на марихуана и како вештачки женски нокт се нашол во него.
-Мојата жена, како и сите други што би направиле, веднаш почна да испитува од каде е сето тоа и со кого сум бил во автомобилот. Тогаш и самиот почнав да чувствувам мирис на марихуана, а бидејќи ниту јас, ниту било кој друг што се вози во колата не пуши, почнав да се грижам, вели тој.
Една вечер, додека проверувал дали автомобилот му е заклучен, забележал дека автоматскиот клуч не реагира, што значи дека автомобилот бил заклучен одвнатре.
-Видов двајца како седат во мојата кола. Бев толку шокиран што ги погледнав и регистарските таблички за да се осигурам дека тоа е мојот автомобил, додава Муханад.
Објасни дека неговиот автомобил нема класичен клуч, туку се заклучува со помош на сигнал, а тие двајца во автомобилот имале уред кој може да го копира тој сигнал.
-Јас се обидував да ги заклучам внатре, а девојката цело време го отклучуваше автомобилот со помош на тој уред. На крајот успеав да ги заклучам и повикав полиција, раскажува тој.
Кога на местото стигнале дури осуммина полицајци, едноставно ја отклучиле вратата и ги пуштиле надвор, тврди Муханад.
-На полицајците им рекоа дека автомобилот имал отворен прозорец, дека тропале кај соседите, а кога никој не им отворил, наводно влегле во возилото. Таа го сокри уредот од полицијата, а тие едноставно ги пуштија. Тие двајца скитници влегуваа во мојот автомобил, ми ги крадеа работите, го валкаа возилото и пушеа марихуана внатре, а потоа слободно си заминаа од местото, огорчено коментира тој.
-Еден ден ја сретнав таа жена, помина покрај мене и не сакаше да разговара. Мислам дека станува збор за банда која оперира во источен Лондон. Ми крадеа полначи и очила за сонце од автомобилот, но не ми го украдоа возилото, па се извлекоа преку дупка во законот. Мислам дека не можам да направам ништо за јас и сопругата да се чувствуваме безбедно, налутено заклучува тој.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
