Македонија
12. јуни 2025 - 16:33

Пропадна обидот за воведување една изборна единица

Предлогот на ЛДП за воведување на една изборна единица не ја доби потребната поддршка од пратениците. Со 19 гласа пропадна обидот за менување на изборниот законик со кој Македонија би станала една изборна единица.

За предлагачот Моника Зајкова 6-те изборни единици претставуваат уставна неправда и ова е можност да се обезбеди еднаква вредност на гласот без разлика на географската распределба..

Владејачкото мнозинство дава поддршка да се промени ваквиот модел со 6 изборни единици, но доколку право да учествува добие и дијаспората. Премиерот Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, ако се исполни ваквиот услов. 

Неодамна и опозицискиот лидер Филипче најави поддржуваат една изборна единица, но бараат дебата и за цензусот и за отворени листи. 

За помалите партии ова е шанса да го добијат својот глас на парламентарните или преку отворени советнички листи на локалните избори. Албанските партии се уште тактизираат, тие зависно од тоа дали се во власт или опозција досега предлагаа од три до осум изборни едници, наместо сегашниот изборен модел со шест изборни единици.