Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
Со уште едно лице е проширена истрагата за пожарот во доскотекатa „Пулс“. Основното јавно обвинителство – Кочани донесе Натредба за спроведување истражна постапка кон сопственикот на објектот, кој исто така е осомничен како соизвршител на Тешки дела против општата сигурност.
- Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре, стои во соопштението од обвинителството.
До судија на претходна постапка доставен е предлог за определување мерка на прептазливост. До утре, членовите на семејствата на жртвите и повредените ќе можат да дадат исказ пред јавен обвинител, да ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар