Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на првата сесија на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колегите од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска се одржува во Копенхаген.
Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на дискусијата под наслов „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија, со осврт на пристапниот процесот за време на претходните претседавања на Данска со блокот во 1993 и 2002 година, како и на Копенхашките критериуми за членство од 2004 година.
Покрај сесијата за проширувањето, министрите на земјите членки на ЕУ ќе одржат и втора сесија посветена на зајакнување на алатките на Унијата за владеење на правото.
Состанокот ќе заврши со работен ручек на кој ќе стане збор за подготовките на ЕУ за понатамошниот процес на проширување, вклучително и за потребните внатрешни реформи во блокот.
Министерската средба започна синоќа со неформална вечера на учесниците на собирот, а денеска продолжува нејзиниот работен дел.
Неформалните средби на ресорните министри на земјите членки се собири на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дискутира и за разменуваат мислења за одредени теми и прашања.
МИА
Ново на Сител
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина