Протест на БК „Олимпија“ од Штип
Борачките и борачите од БК „Олимпија“ денеска протестираа на штипскиот плоштад „Слобода„ поради забраната од страна на Боречката федерација на Македонија за учество на домашните натпреварувања.
-Децата 3 години се надвор од Боречката федерација и принудени сме еда ги носиме да се натпреваруваат надвор од нашата држава, значи на меѓународен план, а нивните успеси не можат да ги истакнат во сопстевната држава- изјави Кире Нисев, тренер - БК Олимпија - Штип.К
Тврдат дека бесправно се исрфлени, зашто имаат и судска пресуда во која стои дека тие не се виновни за инцидентот од пред 3 години. Но, уште поважно е велат дека, никој нема право да ја ускратува можноста на децата да спортуваат и да се натпреваруваат.
-Според универзалните човекови права за децата на ОН, според Уставоти сите закони, на дете во никој случај не може да му биде оневозможено да се натпреварува. Боречата федерација морала да го почитува принципот на социјален дијалог, да му посочи на клубот тие да се борат по БФСР, односно под Боречката федераија-изјави Страшо Глигоров, поранешен селектор на боречката репрезентација.
Обвинија и за низа други неправилности во работењето на Федерацијата, за што ќе побараат вонреден инспекциски надзор. Од Боречката федерација велат дека БК „Олимпија“ никогаш не бил нивни постојан член и дека борачите можат да настапуваат за репрезентацијата, но со посебна покана.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар