Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите

Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Денешниот протест на плоштадот Синтагма е во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.
Целта на демонстрантите е уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.
На плоштадот пред Парламентот непосредно пред споменикот на Незнајниот војник, каде што веќе подолго време со црвена боја се испишани имињата на загинатите, сега се поставени и свеќи кои го обликуваат бројот 57.
Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.
Ново на Сител
-

Стручна комисија за смртта на новороденчето на ГАК е формирана, министерот замолува да се причекаат сите извештаи
-

Трамп не исклучува војна со Венецуела
-

Кривична пријава за 33 физички и две правни лица за корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага
-

СДСМ: Власта донесе неуставна резолуција
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчеле за Лотарија за да останат на власт
-

Андоновски: Дигиталната трансформација е општествена реформа, не само технички проект
-

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир
-

Ученик се самоуби доцна синоќа во Скопје
