Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис

Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија денеска по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија во неколку други американски држави, објави ДПА.
Според извештаите на медиумите, десетици студенти се приклучија на протести во Минеаполис (Минесота), протестирајќи против присуството на службениците за имиграција. Стотици протести и митинзи се најавени низ целата земја денеска и утре.
Коалиција на организации за човекови права и мигранти вели дека акциите „мора да останат мирни и да се фокусираат на спротивставување на зголеменото насилство од страна на властите, како и нивните операции во локалните заедници и училишта“.
Рене Гуд, 37-годишна американска државјанка, беше застрелана во нејзиниот автомобил за време на операцијата на Службата за имиграција и царина во средата. Убиството, кое беше снимено, предизвика национален бес. Истрагата за инцидентот е во тек.
Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ги повтори своите критики на прес-конференција синоќа, велејќи дека агенцијата им штети на локалната економија, демократијата и јавната безбедност. Тој повика на темелна и транспарентна истрага во која ќе бидат вклучени органите за спроведување на законот во Минесота.
Министерството за правда на САД го задолжи ФБИ да ја води истрагата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека федералната влада нема да соработува со властите во Минесота, кои ги нарече корумпирани.
МИА
Ново на Сител
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
