Македонија
16. January 2018 - 16:16

Противниците на вклучување на терминот „Македонија“ во новото име продолжуваат со провокации

По разговорите на министрите време е за средба на преговарачите. На утрешната средба во Њујорк фокусот се очекува да биде ставен на името кое може да биде прифатливо решение, оти медијаторот вели дека останатотo може да го договорат земјите меѓусебе. Тој процес преку работните групи ќе го водат Диумитров и Коѕијас.

И додека властите во двете земји работат на приближување на ставовите провокациите продолжуваат.

Панос Каменос, коалициониот партнер на Ципрас кој му ги мати сметките по однос на разговорите со Македонија денеска ги полни насловните страници на грчките медиуми со фотографија од 37 година, од минатиот век.

Официјална карта на Југославија од 1937 година со Скопје – Вардарска пишува во објавата, Каменос. Тој беше најголемиот поборник името Македонија да не биде дел од решението на спорот.

Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис пак вели дека е поборник за итно решавање на спорот со името, фокусирајки се на националните позиции на земјата.

Во грчката јавност веќе допира гласот на секој кој на било каков начин е или бил вклучен во политиката. Дел од нив најавуваат оставки на позициите ако се дозволи употреба на терминот Македонија, дел пак се шегуваат дека тоа треба да ги прави грците горди оти некој гради идентитет преку нивната историја.

Утре во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. А пред неговото обраќање во собранието, најавено за во четврток државниот врв очекува да слушне дали спорот со името останува единствена пречка за членство во организацијата или ќе има и други услови за Македонија.