Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец

Од Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство денеска информираат дека доставен е предлог за определување мерка - притвор за осомничен за кривично дело „грабнување“.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 56 години, за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело - грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, појаснуваат од ЈОРСМ.
Вчера во населбата Ѓорче Петров, осомничениот извршил грабнување на едно лице со намера со закани по живот да го присили да му го врати долгот - парични средства во износ од 8.000 денари и мобилен телефон вреден 12.000 денари.
- Околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, осомничениот со остар железен предмет - сатар започнал да ја крши влезната врата, насилно ја отворил и влегол внатре. Со закани дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом. Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие, ако не му го врати долгот, се појаснува во соопштението.
Околу 5:30 часот, кога осомничениот заспал, грабнатиот ја искористил приликата, го зел клучот и избегал, по што веднаш го пријавил настанот.
- Бидејќи постојат законски основи - опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците/жртвата или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд - Скопје, достави предлог за определување мерка - притвор за осомничениот, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
-

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна
-

СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
