Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок

В четврток и петок во седум општини од Југосточниот плански регион ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци, соопштија денеска од Центарот за развој на Југоистокот.
Во четврток ќе се прска во Радовиш (9 часот), Конче (12 часот) и Струмица со почеток во 12 часот.
Во петок прскањето ќе продолжи во Валандово (9 часот), Василево (12часот), Босилово (9 часот) и Ново Село со почеток во 12 часот.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.
Се додава дека доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
