Македонија
7. July 2025 - 16:35

Прв круг локални избори на 19 октомври

19 октомври веројатно е датумот на кој ќе се одржи првиот круг од локаните избори. Информацијата премиерот ја добил во комуникација со Собранието. 

Мицкоски вчера го објави името на Орце Ѓорѓиевски за кандидат на неговата партија за скопски градоначалник. Во СДСМ констатираа дека тој е градоначалник на партијата а не на граѓаните.

Премиерот денеска не сакаше да ги коментира оценките на СДСМ.

Покрај Георгиевски, владејчката партија вчера промовираше уште 6 кандидати. Петмина се актуелни градоначлници а во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде со Сотир Лукровски кој е ново име и доаѓа од бизнис секторот. 

Заедно со вчера објавени ВМРО-ДПМНЕ веќе комплетираше 39 кандидатури, а остатокот се очекува постепено да биде објавен до крајот на август. 

Околу дваесетина кандидатури има објавено и СДСМ. Минатата недела Филипче ги соопшти имињата на 11 свои кандидати меѓу кои и Мартин Костовски за Куманово, Асен Шајн за Охрид и Марјан Даскаловски за Струмица што беше пречекано како изненадување и со бура незадоволство од актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.