Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести.
Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море.
Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска помош кон крајот на јули, кога бил прегледан од лекар поради болки во мускулите, кашлица и треска.
Една недела по првичниот преглед, неговата состојба барала хоспитализација поради тегоби слични на грип. Кон средината на август, болеста напредувала, што довело до појава на компликации и префрлање на пациентот на невролошки оддел за лекување.
За споредба, анализата на бугарскиот Национален центар за борба со заразни болести покажува дека во 2025 година, во Бугарија биле регистрирани вкупно 31 случај на болеста.
МИА
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
