Прва АТП титула за Чехот Махач
Чешкиот тенисер Томаш Махач е победник на АТП 500 турнирот во Акапулко што се играше за награден фонд е 2,64 милиони евра.
Во финалето рано утрово, 24-годишниот Чех го победи една година повозрасниот Шпанец Алехандро Давидович Фокин со 7-6 (6), 6-2 за еден час и 38 минути игра.
Ова е првиот трофеј на АТП турнирите за олимпискиот победник во мешани двојки од Париз. Претходно, Махач имаше едно АТП финале во кариерата, кога лани во мај во Женева загуби од Норвежанецот Каспер Руд.
Со освојувањето на турнирот во Мексико, Махач ќе се пласира во првите 20 на АТП-листата за прв пат во својата кариера.
Од друга страна, Шпанецот Давидович засега останува без титула на највисоко ниво, откако го загуби своето трето финале. Пред две недели во финалниот меч во Делреј Бич беше поразен од Србинот Миомир Кецмановиќ, а загуби и во финалето на Мастерсот во Монте Карло 2022 година од Гркот Стефанос Циципас.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО