Прва АТП титула за Чехот Махач
Чешкиот тенисер Томаш Махач е победник на АТП 500 турнирот во Акапулко што се играше за награден фонд е 2,64 милиони евра.
Во финалето рано утрово, 24-годишниот Чех го победи една година повозрасниот Шпанец Алехандро Давидович Фокин со 7-6 (6), 6-2 за еден час и 38 минути игра.
Ова е првиот трофеј на АТП турнирите за олимпискиот победник во мешани двојки од Париз. Претходно, Махач имаше едно АТП финале во кариерата, кога лани во мај во Женева загуби од Норвежанецот Каспер Руд.
Со освојувањето на турнирот во Мексико, Махач ќе се пласира во првите 20 на АТП-листата за прв пат во својата кариера.
Од друга страна, Шпанецот Давидович засега останува без титула на највисоко ниво, откако го загуби своето трето финале. Пред две недели во финалниот меч во Делреј Бич беше поразен од Србинот Миомир Кецмановиќ, а загуби и во финалето на Мастерсот во Монте Карло 2022 година од Гркот Стефанос Циципас.
Ново на Сител
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина