Македонија
1. September 2026 - 16:42

Првачињата да побараат братче или сестриче

Демографијата е главната причина поради која оваа година имаме околу 3.000 првачиња помалку од лани вели премиерот кој на стартот на новата учебна година успеси им посака на првачињата во скопски Бутел. Тој пресмета дека за разлика од пред 7-8 години лани се родиле над 7.000 деца помалку кои кога би се поделиле во паралелки би наполниле 350 училници или над 70 училишта. 

За опозицискиот лидер стартот на учебната година со 433 паралелки помалку е тажен. Тој вината за намалениот број на ученици ја гледа во Владата и нејзините политики

Новата учебна година нема да почне во 26 училишта. Министерката за образование објаснува дека дел од нив воопшто немале ученици додека некои рурални училишта се затворени затоа што било подобро тие 3-4 деца кои учат таму да се социјализираат во поголеми паралелки. И за неа клучен проблем е лошата демографска слика, поради што им се обрати на првачињата.

Демографските податоци покажуваат дека во Македонија пред 10 години се родиле над 7.000 деца повеќе од лани. Во 2020 година кога се родени најголемиот дел од денешните првачиња статистиката регистрирала над 19.000 живородени деца што е за околу 4.000 повеќе од бројот на запишани првачиња годинава.