Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење
-

Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови
-

Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци
-

Мицкоски: Македонија испорачува реформи, очекувам во Брисел да потврдат дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ
-

МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола
-

Ужас во Струмица: 21-годишник силувал 12-годишно девојче
-

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии
-

Финансиската полиција откри даночно затајување од над 1,6 милиони евра
