Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
Разводот на родителите претставува еден од најстресните животни настани за детето. Иако разделбата најчесто е одлука на возрасните, нејзините последици често најсилно ги чувствуваат најмладите членови на семејството. Сепак, многу мал процент од родителите бараат психолошка поодршка за себе и за своите деца.
- Да препорачливо е, но тие не го практикуваат тоа. Повеќето доаѓаат да земат некој документ, потврда што и потребен за судскиот процес, а лично за себе не водат сметка, ниту за децата, ниту за себе. Пожелно е да ги донесуваат децата и после разводот. Практикуваат да ги носат децата дури кога ќе пројават некоја психолошка состојба, а за самите себе, не. Затоа и прават бегство или во коцка, дроги и неверства, изјави Лидија Манасиевска, психолог.
Психолозите предупредуваат дека децата на разведени родители може да се соочат со анксиозност, тага, несигурност, намалена самодоверба и проблеми во комуникацијата со врсниците.
- Пројавуваат на училиште некој бес или се тепаат или анксиозни се. Многу психолошкки состојби пројавуваат. Препорачувам и пред разводот и за време на процесот на разведување и после тоа, да практикуваат посета на психолог, психотерапевт за нивно добро. Да работат на себе, за подобро да ја прифатат ситуацијата и понатамуј подобро да функционираат, додаде Манасиевска
Често родителите веруваат дека детето само ќе ја надмине кризата со текот на времето, без стручна помош. Психолозите нагласуваат дека игнорирањето на емоционалните потешкотии може да доведе до подолгорочни последици врз менталното здравје и развојот на детето.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
