Птичјиот грип под контрола
Уништени вкупно 1950 кокошки, гулаби и останата живина во струшко Мороиште по откривањето на птичји грип . Направена е дезинфекција во селото. Дел од локалното население не дозволувале да им биде одземена живината, но по укажувањето дека може кривично да одговараат почнале да соработуваат со ветеринарните лица. Сите кои ќе поднесат барање ќе бидат обештетени уверуваат од АХВ.
- Процедурата за обештетување на производителите ќе почне веднаш штом бидат доставени барањата за угинатата живина до Агенцијата за храна, изјави Зоран Поповски, директор на АХВ
Надлежните тврдат дека засега нема нови случаи на птичји грип, но будно ја следеле состојбата. Не ја исклучуваат можноста диви птици да го пренеле вирусот и на други места.
- Досега целосна категоризација на вирусот на птичјиот грип HPN8 е направена во примарното жариште, во одгледувалиштето во Мороишта каде првпат беше детектиран, но дополнително се земени мостри и од околните фарми каде што е откриен вирус инфлуенца А. Во тек се лабораториските анализи со кои треба да се утврди дали станува збор за HPN8 или друг сој,изјави проф. д-р Алексабндар Додовски од Факултетот за ветеринарна медицина.
Од АХВ потенцираа дека поради опасноста од ширење на сеуште важи забраната за продавање живина на пазарите.
- Во периодот кога во земјава е откриен птичји грип, дозволено е извоз на разладено месо од живина во земјите од ЕУ, но сеуште важи забраната за извоз на преработки од живина.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
