„Пуштете го, ние ќе му пресудиме”, родителите жестоко реагираа на барањето за домашен притвор на сопственикот на „Пулс“

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор.
На ова жестоко реагираа родителите на загинатите што беа присутни во делот за јавноста, кои со висок тон почнаа да извикуваат „срамота”, „пуштете го, ние ќе му пресудиме”
Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, со оглед дека обвинителството се уште не се произнело по предлогот за замена на притворот со мерка куќен притвор, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба побара судот како што вели, „да покаже малку човечност и хуманост.
- Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствената состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пространост и влијание од јавноста- изјави неговата адвокатка Коцевска.
Обвинителството во однос на предлогот на првообвинетиот рече дека ќе се произнесе писмено дополнително, со оглед дека одбраната доставила дополнителна медицинска документација.
- Ако ептен инсистира одбраната сега да се произнесеме, даваме негативно мислење, затоа што од затворскиот лекар имаме мислење дека таа терапија може да му се пружи во притворски услови - изјави обвинителство.
Од одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов, исто така, пред Судот изнесоа предлог за укинување на мерката притвор поради нарушена здравствена состојба.
Одбраната на Шабан Салиу, исто така, информираше дека поднеле писмен предлог за укинување на една од петте мерки за претпазливост.
Ново на Сител
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
