Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината

Русија ќе ја распореди својата нова стратешка нуклеарна ракета „Сармат“ до крајот на оваа година, изјави претседателот Владимир Путин, опишувајќи ја како „најмоќната во светот“.
Планираното распоредување на ракетата – дизајнирана да носи нуклеарни бојни глави за погодување цели на илјадници километри во САД или Европа – се очекува по неколку години неуспеси и одложувања. Путин во телевизиски говор изјави дека моќноста на бојната глава е повеќе од четири пати поголема од кој било западен еквивалент, а нејзиниот дострел надминува 35.000 километри.
-Таа има способност да навлезе низ сите постоечки и идни системи за противракетна одбрана – рече рускиот лидер. Западните безбедносни аналитичари, пак, тврдат дека Путин изнесува претерани тврдења за способностите на дел од новата генерација нуклеарни оружја на Русија, кои се дел од програмата за модернизација најавена во 2018 година.
Системот „Сармат“ во минатото се соочуваше со технички проблеми, вклучително и неуспешен тест во септември 2024 година, кој според западни експерти остави длабок кратер во лансирната шахта.
Руската државна телевизија денеска го прикажа Сергеј Каракаев, командант на стратешките ракетни сили, како му поднесува извештај на Путин за успешното пробно лансирање. Според Каракаев, овој систем значително ќе ги подобри борбените способности на копнените стратешки нуклеарни сили во гарантирањето на стратешкото одвраќање.
МИА
Ново на Сител
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
