Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
Рускиот претседател Владимир Путин ја отвори прес-конференцијата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека разговорите „се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“.
-Имавме многу темелни преговори што беа доста корисни – изјави тој и му се заблагодари на Доналд Трамп за предлагањето на самитот во Алјаска.
Рускиот претседател наведе за заедничката руска и американска историја во Алјаска и вели дека тоа била „логична“ локација за нивните разговори
Путин изјави дека сегашните односи меѓу САД и Русија „паднале на најниската точка од Студената војна“.
Преминувајќи на суштината на разговорите, Путин вели дека Украина била централна тема во разговореите и го повтори својот став дека конфликтот е заради „фундаментални закани за нашата безбедност“.
Тој вели дека Русија е „искрено заинтересирана“ за крај на конфликтот, но за да биде „траен“, тие треба да ги елиминираат „примарните причини за конфликтот“.
-Се согласувам со претседателот Трамп, како што рече денеска, дека природно, треба да се обезбеди и безбедноста на Украина…Секако, ние сме подготвени да работиме на тоа. Би сакал да се надевам дека договорот што го постигнавме заедно ќе ни помогне да ја приближиме таа цел и ќе го отвори патот кон мир во Украина – рече Путин.
Рускиот претседател ги критикуваше европските лидери, велејќи дека се надева дека нема да го „торпедираат почетниот напредок“.
МИА
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта