Работењето 15 минути во место зиме наутро го уништува моторот на новите автомобили

Mногу возачи зиме го повторуваат стариот обичај на загревање на моторот во место. Сепак, стручњаците веруваат дека современите возила бараат сосема поинаков пристап.
Многумина сѐ уште – особено кај дизел-автомобилите, речиси задолжително го палат возилото и го оставаат да работи во мирување околу 15 минути пред да појдат. Според познавачите, денешните мотори се дизајнирани најбрзо да се загреваат под мало оптоварување, т.е. додека возите, а продолженото стоење во место може само да им наштети. Познато е дека деловите од моторот најмногу се трошат кога се ладни, но работењето во место го продолжува овој критичен период, објавува „Вечерњи“ (Večernji).
Ако го запалите моторот и го оставите да работи додека не достигне работна температура, тоа ќе потрае значително подолго отколку додека возите. Во најдобар случај, откако ќе го запалите моторот, почекајте само околу половина минута или помалку, колку што е потребно за маслото да се прошири низ системот, а потоа се почнува со возењето. Околу прашањето – колку долго треба да работи моторот пред тргнување, стручњаците истакнуваат дека чекањето 10 – 20 секунди е доволно.
Иако целта на загревањето е да се овозможи моторот правилно да се подмачка и подготви за оптоварувањето, современите мотори не бараат долго чекање. Сè што им треба е лесно и постепено оптоварување без никакво форсирање, што значи дека треба да се избегнуваат и ненадејно забрзување и голем број вртежи.
Оставањето на моторот да работи подолго од тоа, не само што го одложува достигнувањето на оптималната температура, туку предизвикува и поголемо трошење на горивото. Тоа, меѓу другото, значи и непотребно загадување на животната средина и неефикасно работење на самиот мотор.
Ново на Сител
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
