Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Работник бил повреден во фабрика во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Оттаму појаснија дека вчера во 10:50 часот во ОВР Кавадарци било пријавeно дека во ЈЗУ Општа болница, бил донесен М.Р. (45) од овој град, кој, според пријавеното, се здобил со повреда при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Известен бил трудов инспектор.
Како што претходно известија од СВР Велес, во четвртокот исто така кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот. Тогаш појаснија дека на 18 овој месец, во 14 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. За настанот, известен бил јавен обвинител.
МИА
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот