Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања
Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС.
Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.
– Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.., вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.
Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.
-Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.
Ново на Сител
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
-

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум
-

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи
