Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
Бугарија преку пимо на Радев до челниците на ЕУ ќе се обиде да го амортизира вчерашното гласање во европскиот Комитет за надворешна политика на Извештјаот за Македонија во неговата изворна форма без амандманите што ги издејствуваа бугарските европратеници за наводен модерен македонски јазик и нација. Бугарскиот претседател во писмената изјава вели дека официјална Софија нема нема да прифати замена за францускиот предлог и дека правата на Бугарите во Македонија не можело да бидат предмет на политички преговори.
Но, додека Радев во писмото поздравува што Брисел ги отфрлил тврдењата за „вековниот“ македонски идентитет, на истот тој Брисел му порачува во своите извештаи да не се меша во јазикот и идентитетот, доколку не стави одредени специфични предзнаци за нив.
„Ја поздравувам одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли тврдењата за „вековниот македонски идентитет“ и да спречи нови обиди за промовирање на етноцентричниот националистички наратив на владетелите во Скопјe. Таквиот пристап ги соочува и другите етнички заедници во РСМ и двата милиони бугарски граѓани (кои се и граѓани на ЕУ) со етничко потекло од територијата на денешна Северна Македонија“,
„ Фактот дека почитувана институција како Европскиот парламент се изјаснува за категории од морална природа или специфично научна ориентација како што се „идентитет“ и „јазик“, во отсуство на правна основа и релевантни надлежности, е загрижувачки. Ваквите референци за „јазик и идентитет“ без специфична дефиниција ги ризикуваат слободните толкувања што нашите југозападни соседи веќе ги прават со своите тврдења за „вековниот македонски идентитет“, посочува бугарскиот претседател.
Мицкоски пак, возвраќа со контра барања: признавање на македонското малцинство во Бугарија, спроведување на одлуките на Стразбург за регистрација на ОМО Илинден Пирин и македонски член во Комитот за малцинства на Бугарија. За него неприфатлив е обидот на некои европратеници да креираат нова нација и нов јазик во 21. Век
Македонскиот премиер иако се надева дека и најавените нови амандмани нема да поминат, сепак вели исходот на пленарната седница на Европскиот параламент е неизвесен.
Гласањето во Комитот ги намали и шансите за суштински расзговори на претседателката Силјановска со бугарскиот премиер Жељасков на НАТО самитот во Хаг. Средбата била само протоколарна.
Конечното гласање на Извештајот за Македонија треба да се случи до 10 јули на сесијата на Европскиот парламент во Стразбург.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар