Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на денешните предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница.
Според објавените резултати на Државната изборна комисија (ДИК), Радичевски добил поддршка од 2.943 избирачи, односно 38,90 проценти од гласовите. На второто место е Аркин Јахиу од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласа или 28,45 проценти. Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 791 глас.
Третопласиран е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласа или 20,20 проценти, додека кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освоил 706 гласа или 9,33 проценти.
Независниот кандидат Душан Богдановски добил 55 гласа, а независната кандидатка Арифе Идризи 21 глас.
Бидејќи ниту еден од шестмината кандидати не освоил повеќе од половина од гласовите, останува ДИК официјално да ги утврди резултатите и исполнувањето на законските услови за избор на градоначалник во првиот круг.
Предвремените избори во Брвеница беа распишани по смртта на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
