Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш

Новиот ракометен првак Вардар попладнево го игра претпоследниот дуел од шампионатот, а во Скопје гостува екипата на Тиквеш. Ова е втор дуел од 9.коло од плеј офот од Супер лигата, откако во првиот дуел во средата Еурофарм Пелистер го совлада Охрид на негов терен со 25:22.
Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ по обезбедената титула ова ќе биде можност да има даде и поголема минутажа на играчите кои беа во состав или пак на трибините на дел од првенствените дуели. Почетокот на натпреварот е во 18:45 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Последниот натпревар од оваа рунда Алкалоид и Бутел ќе го играат в сабота од 18 часот во салата Автокоманда.
Според најавите Вардар и последниот натпревар против Бутел ќе го игра во СЦ „Јане Сандански“ кога ќе треба да ми биде предадена и титулата.
Инаку, денеска се игра и еден натпревар од плеј аут Супер лигата Прилеп е домаќин на Пролет. Од овој дел утре играат: Струга – Еурофарм Пелистер 2, а во недела е дуелот меѓу МРК Куманово и Радовиш.
МИА
Ново на Сител
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
