Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство

Ракометарите на унгарски Веспрем се победници на 17. издание на Светското клупско ракометно првенство, откако синоќа во финалето во Каиро по продолженија го совладаа двократниот бранител на титулата Магдебург со 34-33.
Тоа е прва светска клупска титула за унгарскиот тим, а рекордер и натаму е Барселона со пет титули.
Финалето донесе одличен ракомет со многу резултатски пресврти и возбудувања.
Магдебург на полувремето имаше гол предност (14-13), а во вториот дел, унгарскиот тим во неколку наврати водеше со +4 (22-18, 23-19, 24-20). Германскиот тим, сепак, полека ја намалуваше негативата, израмнувајќи на 28-28 со голот на Лукаш Мертенс во самиот финиш.
Во продолжението Унгарците водеа со два разлика, 33-31, имаа и 34-32, а Магдебург успеа само да го намали резултатот на 34-33.
Унгарскиот тим до титулата го предводеа Фабрегас со девет и Ремили со осум голови.
Во германскиот тим најефикасни беа Омар Магнусон со седум и Албин Лагергрен со шест голови.
Во натпреварот за третото место египетски Ал Ахли ја победи Барселона со 32-29.
Ново на Сител
-

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
-

91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување
-

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
-

Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва
-

Без струја делови од Карпош и Волково
-

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
