Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство

Ракометарите на унгарски Веспрем се победници на 17. издание на Светското клупско ракометно првенство, откако синоќа во финалето во Каиро по продолженија го совладаа двократниот бранител на титулата Магдебург со 34-33.
Тоа е прва светска клупска титула за унгарскиот тим, а рекордер и натаму е Барселона со пет титули.
Финалето донесе одличен ракомет со многу резултатски пресврти и возбудувања.
Магдебург на полувремето имаше гол предност (14-13), а во вториот дел, унгарскиот тим во неколку наврати водеше со +4 (22-18, 23-19, 24-20). Германскиот тим, сепак, полека ја намалуваше негативата, израмнувајќи на 28-28 со голот на Лукаш Мертенс во самиот финиш.
Во продолжението Унгарците водеа со два разлика, 33-31, имаа и 34-32, а Магдебург успеа само да го намали резултатот на 34-33.
Унгарскиот тим до титулата го предводеа Фабрегас со девет и Ремили со осум голови.
Во германскиот тим најефикасни беа Омар Магнусон со седум и Албин Лагергрен со шест голови.
Во натпреварот за третото место египетски Ал Ахли ја победи Барселона со 32-29.
Ново на Сител
-

Администрацијата на Трамп го критикува Си-Ен-Ен за емитување пораки од ирански лидери
-

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите пет во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни
-

Пакистан бомбардираше складиште за гориво во близина на аеродромот Кандахар во Авганистан
-

Уапсен полски државјанин под сомнение дека ја шпионирал воената база на грчкиот остров Крит
-

Отворен оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест
-

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака
-

Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
