Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари

Нацрти на една од најпознатите песни на Боб Дилан – „Mr. Tambourine Man“, отчукани на машина, е продаден на аукција за 508.000 американски долари. Пожолтените два листа, инаку, содржеле три верзии на стиховите на песната, коишто на крајот не завршиле во крајната и снимена верзија, пренесува „Дедлајн“ (Deadline).
Листовите содржат белешки рачно напишани од Боб Дилан. Песната, за којашто се верува дека е напишана 1964 година, го достигна првото место на „Билборд хот 100“ (Billboard Hot 100) и исто така беше на врвот на листите во Обединетото Кралство. По Дилан, песната ја преработи групата „Брдс“.
И приказната на музичкиот новинар Ал Ароновиц за тоа како настанала песната е вклучена во продажбата. Ароновиц, имено, пишува како Дилан дошол во неговиот дом и ја минал ноќта пишувајќи и уредувајќи го текстот на машината за пишување што била во куќата.
На наддавањето беше на продажба и тексас-јакната што Дилан ја носеше во филмот „Огнени срца“ (Hearts in Fire) (1987), како и некои други негови нацрти. „Би-би-си“ пренесува дека аукциската куќа продала предмети во вредност од речиси 1,5 милиони долари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
