Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја три дена ќе биде центар на Европа.
-Премиерот на Велика Британија на 15 мај доаѓа во Тирана во билатерална посета, што е прва посета во историјата на шеф на британска влада. Францускиот претседател последен заминува, кој ќе престојува во втора билатерална посета на Тирана, рече Рама.
Додаде дека денеска попладне лидерите на Европскиот совет и на Европската Унија ќе бидат на работна вечера во Тирана со лидерите од регионот на Западен Балкан.
-На 16 мај ќе бидеме домаќини на шестиот Самит на Европската политичка заедница, на кој, ќе учествуваат шефови на држави и влади, заедно со шефови на клучните европски и меѓународни институции. Потоа ќе ја започнеме новата недела со подобар и посилен имиџ, како Европа на Балканот. Тоа ќе биде изворот на сета наша енергија и силата на нашата истрајност уште 4 години по ред, нагласи Рама.
Поради Самитот со одлука на владата 15 и 16 мај се неработни денови за вработените во институциите на државната управа, со седиште на териториите на општините Тирана, Камза, Вора и Круја. Исклучок од оваа одлука се вработените во армијата, полицијата, Националната гарда, противпожарната служба и вработените во здравствениот систем.
Ново на Сител
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето