Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Виена изјави дека Косово мора да ги исполни условите на Европската Унија, во спротивно ќе остане во изолација, пренесе АТА.
На конференцијата „Албанија – нов хоризонт“, Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина под посредство на ЕУ како „голем неуспех“ и истакна дека не е постигнат никаков напредок.
– Тажен сум што нема никаков напредок. Убеден сум дека постои златен пат, рече Рама.
Тој нагласи дека Косово треба да го „направи своето домашно“ за ЕУ, без да се води според тоа што бара Србија.
– Косово мора да ги исполни своите обврски и да ја достави целата тетратка со домашното пред ЕУ. Тоа нема врска со барањата на Србија, туку со она што ЕУ го бара, рече Рама.
Ако Косово постапи така, според него, тоа е во негов најдобар интерес и ќе избегне дополнителна изолација.
МИА
Ново на Сител
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
