Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување

Албанскиот премиер Еди Рама најави нов пакет мерки за справување со насилството за време на протестите, кој предвидува парични казни до 5.500 евра.
Одговорност ќе сносат и лицата што нема да се повлечат по полициско предупредување, доколку останат во групи што фрлаат камења, палат или уништуваат имот.
Пакетот, кој Рама го претстави како мерка против „насилството и урбаната анархија“, според него, не е насочен против граѓаните што мирно протестираат.
Премиерот нагласи дека одговорноста за предизвиканата материјална штета ќе се утврдува врз основа на однесувањето на секој поединец.
Според најавените правила, казни би можеле да добијат и демонстрантите кои ќе останат во група што предизвикува нереди, иако полицијата претходно им наредила да се оддалечат.
Од овие одредби ќе бидат изземени новинарите, лекарите, набљудувачите, службените лица и случајните минувачи.
Во случаите кога штетата ќе ја предизвикаат деца помлади од 14 години, финансиската одговорност ќе ја сносат нивните родители.
Пакетот предвидува и државата да покрива меѓу 70 и 100 проценти од штетата што малите бизниси ќе ја претрпат поради провали, грабежи и пожари поврзани со протестите.
Дополнително, најавени се посебен закон за надоместување на штетата, измени на законската регулатива за јавни собири, воведување електронски регистар на прекршители, како и промени во етичкиот кодекс за наставниците и во Кривичниот законик.
Рама изјави дека е подготвен да ги сослуша граѓаните кои имаат забелешки за работата на владата, но истакна дека барањето за негова оставка не може да се наметнува преку насилство.
Ново на Сител
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
