Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли загриженостите дека Одборот за мир има за цел да ги замени ОН, нагласувајќи дека наместо тоа би можел да помогне да се „размрда“ глобалното тело во акција. Изјавата ја даде синоќа на првиот состанок на иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Рама му се заблагодари на Трамп за вклучувањето на Албанија во проектот и ја пофали неговата „одлучувачка улога во запирањето на конфликтот во Газа“.
Тој ја нагласи поддршката на Албанија за иницијативата, наведувајќи го „целосно усогласеното гласање“ во парламентот како доказ за посветеноста на земјата да биде една од членките-основачи.
Во врска со критиките во Европа, Рама рече: „Многумина во Европа велат дека Одборот за мир има за цел да ги замени Обединетите нации. Не ми изгледа како обид да се заменат ОН, но ако помогне да се размрда тој џин и да се разбуди, тогаш Бог да го благослови Одборот за мир“.
Албанија „го потврди своето учество во стабилизациските сили со нашите трупи“, додаде премиерот, повикувајќи го одборот да охрабри директни национални придонеси во хуманитарните напори, вклучително и воспоставување на наменски јавен објект за палестинските деца.
Рама рече дека иницијативите на Албанија се фокусирани на заштита на децата во Појасот Газа.
Според медиумите освен Албанија и Косово го потврдило учеството во „стабилизирачките сили со свои трпи во Газа“.
МИА
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
