Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени

Пролетта оваа година ќе ја почувствуваме уште од овој месец кој ќе биде за еден степен потопол од 30 годишниот просек, како и стабилно и суво време со многу сонце.
Според најновите метеоролошки анализи, март ќе биде потопол за околу еден степен во однос на триесетгодишната климатска норма, што ќе значи побрзо раздвижување на природата и подолги периоди на стабилно време.
Утринава во Македонија се измерени минусни температури, при што најстудено беше во Берово со -6 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидронетеоролошки работи.
Температура од -3 степени е регистрирана во Битола, -2 во Скопје (Петровец), Крива Паланка, Демир Капија и Струмица, -1 во Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Велес и Гевгелија, додека 0 степени се измерени во Охрид, Кавадарци, Маврови Анови и Попова Шапка.
Највисока утринска температура од 2 степена е измерена во Виница и Крушево, а 1 степен во Скопје (Зајчев Рид).
Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 77 сантиметри снег.
Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно тивко, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
