Расел ја освои ГН на Сингапур, Мекларен ја одбрани титулата

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур, додека Мекларен ја одбрани титулата во конкуренција на конструктори.
Расел до својата петта победа во кариера, а втора оваа сезона, дојде во доминантен стил, зачувувајќи ја предноста од полпозицијата во текот на целата трка.
Второто место го освои актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, а на подиумот се искачи и третопласираниот Ландо Норис од Мекларен. Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше четврти, петтото место го освои Кими Антонели од Мерцедес, а шестото и седмото место се пласираа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Во индивидуалниот пласман, лидерот Пјастри сега има 22 бода предност пред Норис, додека Верстапен, на третото место, заостанува 63 бодови.
Мекларен и теоретски ја одбрани титулата кај конструкторите со третото и четвртото место во Сингапур, пред Мерцедес и Ферари.
МИА
Ново на Сител
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
