Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, откако ќе почне од пол-позицијата утре наутро. Тој го постави најдоброто време од 1:32.312 минути на крајот од квалификациите кога патеката беше најбрза. Расел ја продолжи својата добра форма со победа во последниот слободен тренинг претходно утринава.
Шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц, кој заврши 0,098 зад победникот, ќе стартува од втората позиција.
Големо изненадување приреди Французинот Пјер Гасли од Алпин, кој постави трето време од 1:32.664 минути.
Другиот возач на Ферари – Шарл Леклер од Монако ќе стартува четврти, а веднаш по него е светскиот шампион Макс Верстапен, кој утре ќе има можност да ја освои четвртата последователна титула.
Неговиот голем ривал кај пилотите – Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен), ќе стартува од шестата позиција на стартниот грид
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
