Loading Video...
Спорт плус
17. February 2022 - 17:41
Распределени медалите на 12-тиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг
И 12-тиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг донесе големи возбудувања и распределба на медали во неколку дисциплини.
Швајцарката, Мишел Гисин го одбрани олимпиското злато од во алпска комбинација. Гисин, како и пред 4 години во Пјонгчанг, беше најдобра во комбинација. Швајцарката до златото стигна предност поголема од 1 сокунда пред сонародничка Венди Холденер и Италијанката, Федерика Брињоне кој ја освои бронзата. За Гисин ова е вториот медал на игрите во Пекинг, откако освои бронза во супервелеслалом.
Иако пред олимпијадата важеше за топ фаворитка за златните медали, сепак, легендарната Микаела Шифрин повторно остана без медал. Американката, и во својот трет настап во Пекинг не ја заврши трката, откако претходно тоа и се случи во во трпките во во слалом и велеслалом.
Селекцијата на Канада е победник на женскиот олимписки хокеарски турнир. Ова е епилогот по одиграниот финален натпревар во кои Канаѓанките славеа убедлива победа над големите ривалки Американките со 3-2. Со тоа канадските хокеарки, им се реваншираа на Американките за поразот во Пјонгчанг и по петти пат на својата земја и донесоа злато од олимпискиот турнир, додека Американките четврти пат губат во финалето и мораа да се задоволат со среброто. Бронзата и припадна на селекцијата на Финска која во дуелот за 3.место беше подобра од Швајцарија со 4-0.
Потсетување дека на машкиот хокеарски турнир во полуфиналето ќе играат Финска – Словачка и Русија – Шведска.
Сандра Наеслунд е новата олимписка шампионка во ски-крос. Швеѓанката до олимпиското злато стигна откако во финалето беше подобра од Канаѓанката, Маринеле Томсон која пред осум години во Сочи беше златна. Германката, Даниела Мајер која заврши како трето пласирана и ја освои бронзата. Така шведската скијачка ги обедини титулите светски и олимписки шампион во скијање слободен стил.
Витинска драма се случуваше во уметничкото лизгање. Камила Валиева околу која деновиве Интернационалниот олимписки комитет „кршеше копја“ за и против доделување на медали на фантастичната Русинка, сепак 15-годишната Валиева поради своја грешка остана без медал.
Таа денешната слободна програма ја заврши како четврто пласирана по што на ИОК им ја олесни работата, па на церемонијата на доделување на медали нејзините сонароднички Ана Шчербакова и Александра Трушова ги освоја златото и среброто, а бронзата и приопадна на Јапонката Каори Сакамото.
Михо Такаги од Јапонија го освои четвртиот медал на игрите. Јапонката стигна до златото во трката на 1.000 во брзо лизгање, со што ја збогати својата колекција на вкупно четири медали во Пекинг каде веќе освои три сребра. Во колекцијата на Такаги се и трите медали, по еден златен, сребрен и бронзен од игрите во Пјонгчанг пред четири години.
Во нордиска комбинација екипно во машка конкуренција, златото го освоија Норвежаните, среброто им припадна на Германците, а со бронза се закитија Јапонците.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->