Loading Video...
Спорт плус
18. February 2022 - 17:30
Распределени медалите на 13-тиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг
И 13-ти натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг донесе големи возбудувања.
Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана најуспешниот натпреварувач на зимските олимписки игри во Пекинг, освојувајќи го четвртиот златен медал.
Тој денешната биатлонската трка на 15 километри со масовен старт го освои златниот медал, со што стигна до петото одличје на игрите, а вкупно четврто злато.
Во трката на 12,5 километри во женска конкуренција до златото стигна Жастин Брезез-Буше. Норвежанката, Марте Олсбу Ројзеланд кој заврши како трето пласирана, го освои дури петтиот медал на Игрите во Пекинг.
Со три медали на една олимпијада може да се пофали и Ајлин Гу од Кина. 18-годишна Гу која се натпреварува во слободен стил денеска освои злато во дисциплината халфпајп, па со два златни и еден сребрен медал стана првата скијачка во слободен стил која стигнала до три медали на една олимпијада.
Во дисциплината ски крос триумфираше Рајан Режес од Швајцарија. Тој славеше пред својот сонародник Алекс Фива, додека победничкиот подиум го комплетираше Русинот Сергеј Риџик, кој и пред четири години во Пјонгчанг исто така освои бронза.
Во брзо лизгање. Беа поделени медалите во машката трка на 1000 метри во која најбрз беше Холанѓанецот Томас Крол, пред Лорен Дубрел од Канада и Хавард Холмефјорд Лоренцен од Норвешка.
Селекциите на Финска и Русија ќе играат во финалето на машкиот хокеарски турнир. Ова е епилогот по одиграните полуфинални дуели во кој Финска со 2-0 ја победија Словачка, по Финците по трет пат во својата историја ќе играат во финалето во кое ќе атакуваат на првото злато. А, нивниот противник Русија ќе атакува на 3-то одлимписко злато, не сметајќи ги седумте кои ги освои како СССР. Русите во полуфиналето беа подобри од Шведска со 2-1 по продолжение. За бронзата ќе играат хокеарите на Словачка и Шведска
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->