Loading Video...
Спорт плус
14. February 2022 - 18:29
Распределени медалите на десетиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг
И 10-ти натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг донесе големи возбудувања и распределба на медалите во неколку дисциплини.
Селекциите на Канада и САД ќе играат во финалето на женскиот олимписки хокеарски турнир. Ова е епилогот по одиграните полуфинални натпревари во кои Канаѓанките славеа убедлива победа над Швајцарија со 10-3, додека Американките ја победија Финска со 4-1 . Дуелот меѓу Канада и САД ќе биде реприза на финалето од пред 4.години кога во Пјонгчанг, Американките стигнаа до златиот медал
Габриела Пападакис и Гијом Сизерон го освоија златниот медал во танцови двојки во уметничко лизгање. Фраnцузите имаа огромна бодовна предност по задолжителната програма, која ја зголемија и по слободната изведба па со 226,98 поени што е и нов светски рекорд, заслужено го освоија олимпиското злато.
Кајли Хамфрис по трет пат во својата кариера стигна до олимпиското злато. Откако првите два ги освои под знамето на Канада, сега како Американка, триумфира во дисциплината боб едносед и тоа пред сонародничката Елана Мејерс Тејлор и Канаѓанката Кристин Де Бруин која стигна до бронзата.
На засоволство на домаќините, Ксу Менгтао и донесе златен медал на Кина во скијање слободен стил. Таа за својата изведба освои 1,3 поени повеќе од Белорусинката, Јушкова, додека сите останати меѓу кои и бронзената Американка Ники Меган освоија помалку од 100 поени.
На големата ски-скокалница се одржаа екипните натпреварување. Австрискиот квартер: Штефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер собраа најмногу поени и заслужено го освоија златниот медал. До среброто стигнаа Словенците кои имаат 8,2 поени помалку, додека бронзата им припадна на ГФермације кои собраа само 0,8 поени повеќе од Норвежан кои пред 4 години во Пјонгчанг беа шампиони, а сега завршија на 4.место
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->