Loading Video...
Спорт плус
13. February 2022 - 18:47
Распределени медалите на деветиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг
И девети натпреварувачки ден на ЗОИ во Пекинг донесе големи возбудувања, распределени медали во неколку финални дисциплини
Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на велеслаломската трка. Одермат го првото место стигна со вкупно време од 2:09.35 минути. Зад него заврши Словенецот, Жан Крањец, кој беше одличен во втората трка, но поради лошиот резултат од првата трка по која беше девети, Словенецот заостана 19 стотински зад Швајцарецот. Бронзата му припадна на Французинот, Метју Фавр.
Марте Олсбу Ројзеланд освои уште едно најсјајно одичје во Пекинг. Норвежанката, денеска победи во трката на 10 километри потера во биатлон, со што стигна до своето трето злато на овие игри, а вкупно четврти медал, откако ја освои и бронзата на 15 километри индивидуално
До нов, втор златен медал во Пекинг стигна и Французинот Кентан Фијо Маје кој славеше во биатлон трката на 12,5 километри потера. Тој претходно го освои златото и во трката на 20 километри, па сега ја збогати својата колекција на вкупно четври медал.
Руските нордијци ја потврдија својата доминација кога во прашање е штафетната трка. Откако вчера дамите по пауза од 16 години, конечно стигна до олимписко злато, тие како да им беа инспирација на мажите кои пак денеска се закитија со златото. Во трката четири пати по десет километи, Русите беа незадржливи, оставајќи ги заде себе Норвежаните и Французите кои доцнеа повеќе од 1 минута.Така за прв пат по пауза од 42 години руските нордијци стигнаа до најсјајното олимписко одличје во крос-кантри трка.
Холанѓанките пак ја потврдија својата доминација во брзо лизгање. Женската холандска штафета беше најбрза во трката на 3.000 метри и тоа поставувајчи нов олимписки рекорд, со што не им дозволија на Кореанкикте повторно да се радуваат на златото. Тие завршија како вбторо пласирани, а бронзата ја одсвои домашната селекција на Кина.
Во трките на кратки патеки.
Американката, Ерин Џексон славеше на трката на 500 метри кај дамите, додека на истата делница кај мажите триумфираше Унгарецот, Шаолинг Шандор Лиу кој има и кинески корени. За него ова е прво злато, а вкупно четврти медал од олимпијадите.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->