-->
-->
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-->
Распродадени се сите билети за фајналфорот на Евролигата, кој годинава ќе се игра во Абу Даби, соопштија денеска од седиштето на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Билетите за фајналфорот во Абу Даби се распродадени. За сите што успеаја да обезбедат билет, се гледаме во Абу Даби“, стои во соопштението на Евролигата на социјалната мрежа „Х“.
Фајнл-форот на Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, што ќе биде првпат куп-натпреварите да се играат надвор од Европа, со исклучок на Тел Авив во 1994 година, бидејќи израелските клубови со децении играат во европските натпреварувања.
Натпреварите од фајналфорот ќе се играат на „Етихад арената“ која има капацитет од 18.000 седишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“