Раст од 110 проценти на странските туристи во јули, најбројни од Турција, Србија и Полска
– Во државава во јули годинава се регистрирани 169 449 туристи, од кои 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700 629, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.
Во јули годинава имало најмногу туристи од Турција, 12 841, по што следат Србија, 9393, Полска, 5 412, Германија , 3 698, САД , 2 721, Бугарија, 2 286, Словенија 2 099, Грција 1 828…Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105 илјади биле во езерските места, а над 36 000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99 000, а над 56 000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање
Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 проценти, а кај странските зголемувањето е за 109,9 проценти.
Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 проценти, кај домашните за 9,8 проценти, а кај странските зголемувањето е за
95,9 проценти.
Ново на Сител
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите