Македонија
13. March 2026 - 12:31

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари

Културно историските споменици и природните убавини магнет за туристите.Последните податоци на државниот завод за статистика покажуваат дека  во јануари годинава има раст од 6,2 % на бројот на туристи.Најбројни се гостите од Турција а веднаш зад нив се оние од Србија,Бугарија и Грција.

Самоиловата тврдина ,Заливот на коските ,Античкиот театар и бројните цркви во Охрид се едни од најпосетените места .Саат кулата пак која претставува симбол за континуитет на градот според историчарите е место кое вреди да се  посети.

Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943 од кои 38,2 проценти се домашни а 61,8 странски .

Кај домашните туристи има годишен раст од 10,1 процент а кај странските за 3,9 проценти.