Македонија
17. August 2025 - 16:31

Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети

Бројот на децата со оштетен вид рапидно расте. Причина е седењето пред таблет и мобилен телефон. Офтамолозите предупредуваат дека родителите мора да го ограничат времето на користење на електронски уреди и почесто излегување во природа.

- Со таквото изложување на повеќе саати во текот на денот со работа на блиско, односно на телефони, се зголемува ризикот од миопија, односно појава на минус диоптрија. Не само што може да има диоптрија, тука се стимулира и таа диоптрија да се зголемува. Така што постојат голем број на дечиња, кои што имаат за жал, уште од мали нозе, многу голема диоптрија, и имаат потреба од постојано носење на очила. Максимално во текот на денот треба да бидат пред монитори 2 часа и тоа не во континуитет, изјави Кристина Шишарица, офтамолог

Потребни се и редовни рутински прегледи, независно од возраста, за рано откриваење на аномалиите. 

- Често се случува и луѓето кои немаат апсолутно никаков проблем, да ни дојдат на таков рутински преглед ние да откриеме проблем кој нема никакви симптоми. Подобро е доколку ние го откриме во порана фаза и да нема трајни последици на видот, додаде Шишарица

Кратковидноста е рефракциона аномалија на окото, при која зракот на прекршување е пред мрежницата, а не на неа, поради која невозможно е да се добие јасна слика на оддалечен предмет без потребна корекција.