Расте бројот на разочарани гласачи од СДСМ
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи од разочарани граѓани кои гласале за СДСМ.
Извесен Никола Петровски пишува.... Јас иако гласав за СДСМ на овие избори, не гласав за редефинирање на државата, мојот глас е укреден и е добиен како резултат на измама.
Слободака Николовска пак напишала....На овие избори гласав за СДСМ, гласав затоа што несакав да верувам дека има македонски политичари кои може да прифатат федерализација. Но, 70 -те илјади гласови на албанците ме демантираа. Сигурно тие не гласаа за политичката понуда на Заев туку тие се гласови за федерализација и редефинирање на нашата држава. СДСМ, не благодарам повеќе.
На социјалните мрежи може да се прочитат и сведочења од граѓани дека имало и поткуп на гласови, од страна на СДСМ и дека во игра биле големи суми на пари:
Во овој контекст извесен Трајан Петковски на фејсбук профилот напишал....Јас сум од Радовиш, нека види полицијата колку СДСМ плаќаше гласови во Општина Конче. Во ситуација кога откупот на тутун доживува плафон и историски високи цени, и кога турците што живеат таму никогаш немале поповолна цена на крајот се испорача контигент на гласови за СДСМ. Нека прашаат од полицијата како им се нудени пари од емисари на СДСМ по 100 до 200 евра да гласаат за Заев. Срамота.
За поткуп со гласови на социјалните мрежи пишува и поранешната пратеничка на СДСМ Солза Грчева
-Вие не сакавте да се крадат избори, со право, а сега ги крадете. Вие божем се боревте против партизација, а видовте како изгледа уште поголема. Вие сте прочитана книга. Без купените гласови, ќе бевте бунар. Затоа не се силете, се разголи се. Макаедонија ми е помила од сите вас заедно. Вие се коцкате за да некој избега од затвор, како и другите. Е тоа сте вие. Горди сте на тоа? Браво!!!" напиша Грчева
Таа додава дека СДСМ направи протекторат од државата само Заев да дојде на власт
"И среќна сум што не сум дел од вас, точно во овие историски моменти кога од Македонија се направи протекторат за нечии болни желби да се остане /дојде на власт".
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
