Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.
Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.
Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.
„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.
MИА
Ново на Сител
-
Исчезнат е 52 годишен кумановец
-
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени
-
Одложена седницата на собраниската комисија на која ќе се расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
-
Вируси и како да се заштитиме
-
Николоски: Голем раст во градежништвото, транспортот и складирањето
-
„Росатом“: Русија е подготвена за разговор со САД за нуклеарното гориво во Запорожје
-
Шеснаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро
-
Песков: Странски воени сили не може да бидат гаранција за безбедноста на Украина