Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации во Солун и Атина вклучени се над 55 лица и објасни дека на бензиските пумпи бил инсталиран специјален софтвер со чија помош за време на точењето гориво запирало мерењето со што потрошувачот добивал помала количина бензин, а плаќал регуларно, додека останато гориво било продавано „на црно“.
Зад конкретниот софтвер стојат две компании, одговорните се веќе уапсени, а било откриено дека оваа програма била инсталирана на над 50 бензински пумпи во цела Грција.
Според грчките медиуми, во рамките на акцијата биле извршени проверки на бензински пумпи и магацини во Атина, Солун, Александруполи и Лариса, а запленети биле над 100.000 евра.
Ново на Сител
-

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата
-

Следува променливо време, со снег на планините
-

Мицкоски од плоштадот Македонија во Скопје: Заедно со нашиот народ да ја дочекаме Новата година!
-

Женско е првото родено бебе во 2026
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
